Американскиот претседател Џозеф Бајден го одложи планираното патување во Германија и Ангола за да остане во Белата куќа поради ураганот Милтон на брегот на заливот на Флорида, соопшти денеска Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека промената е неопходна „со оглед на проектираниот пат и силата“ на бурата.
Таа не прецизираше кога патувањето би можело да биде презакажано. Бајден претходно вети дека ќе оди во Африка за време на неговиот мандат, кој завршува во јануари.
Текстот Бајден ја откажа посетата на Германија поради ураганот Милтон е превземен од МАКФАКС.






