Бајден: Ќе го притиснам Путин, мора да ги почитува човековите права

пред 3 години

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ќе го „притисне“ рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува човековите права за време на претстојниот состанок во Женева.

„ За две недели ќе се сретнам со претседателот Путин во Женева и ќе му дадам до знаење дека нема, нема да му дозволиме да ги крши човековите права“, рече Бајден за време на прославата на Денот на американскиот меморијал, објави „Ројтерс“.

Состанокот на Бајден и Путин е закажан за 16 јуни во Женева.

Share
Scroll to Top