Белата куќа ги намали очекувањата пред состанокот меѓу Трамп и Путин

Белата куќа ги намали очекувањата пред состанокот меѓу Трамп и Путин

пред 2 месеци

Претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, кои ќе се сретнат лице в лице за прв пат по шест години, во придружба само на нивните преведувачи, ќе се обидат да видат дали постои начин да се запре војната во Украина. Трамп рече дека за неколку минути ќе знае дали има простор за договор.

На состанокот нема да се дискутира за конечен мировен договор за Украина – кој, според претходните изјави на Трамп, би можел да вклучува поделба на територијата – предлог што украинскиот претседател Володимир Зеленски досега цврсто го отфрли.

Белата куќа вели дека не очекува голем исчекор, опишувајќи го состанокот како „сослушување“, а не како сериозни преговори.

Текстот Белата куќа ги намали очекувањата пред состанокот меѓу Трамп и Путин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top