Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

пред 1 час

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп било превентивно по природа и покажало дека претседателот е во одлична кардиоваскуларна здравствена состојба.

На брифингот за медиумите во Белата куќа, Ливит рече дека мажите на возраст како Трамп имаат корист од ваквите прегледи.

„Кардиоваскуларните снимки на претседателот Трамп покажаа сосема нормална слика, без докази за стеснување на артериите, слаб проток на крв или абнормалности во срцето или главните крвни садови“, рече Ливит за 79-годишниот претседател.

„Срцевите комори се со нормална големина. Ѕидовите на крвните садови изгледаат мазни и здрави и нема докази за воспаление или згрутчување. Генерално, неговиот кардиоваскуларен систем е во одлична здравствена состојба. Абдоминалните снимки се исто така сосема нормални“, рече Ливит.

Текстот Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top