Американската администрација ќе соработува со сојузниците и европските партнери за сите прашања, изјави Карин Жан Пјер, заменик секретар за печат на Белата куќа, кога новинарите побараа од неа да ги коментира извештаите од Данска за американското шпионирање на лидерите на ЕУ.
Данската државна телевизија објави дека Американската агенција за национална безбедност ја искористила соработката со данската разузнавачка служба во странство за да шпионира високи државни функционери, вклучително и германската канцеларка Ангела Меркел, објави „Ројтерс“.