Белгискиот министер за здравство, Франк Ванденбрук, рече дека вакцината на „Астра зенека“ привремено престанува да се дава на лица постари од 55 години во Белгија, бидејќи нема доволно податоци дека дејствува кај оваа популација.
Според белгискиот министер за здравство, вакцината дејствува многу добро кај помладите луѓе, односно кај луѓето помеѓу 18 и 55 години, а ефектот кај постарите лица ќе се утврди по шест недели.
Вирологот и интерфедерален портпарол за Ковид-19 во Белгија, Стивен Ван Гухт, не ја исклучува можноста ефективноста на вакцината на Астра зенека“ да биде позитивна и кај постарите лица, но треба да се чекаат резултатите од идните клинички испитувања.
„Може да функционира добро, дури и кај најстарите. Откако ќе бидат достапни овие податоци, можеме брзо да започнеме”, рече Ван Гухт.
Белгија е втора земја по Германија што не дава вакцини на „Астра зенека“ на стари лица.
Вакцината на „Астра зенека“, според германската комисија за вакцини, може да се користи само за вакцинирање на лица на возраст под 65 години.
Минатата недела Европската агенција за лекови ја одобри употребата на вакцината на „Астра зенека“ за сите возрасти