Делегациите на Белград и Приштина во Брисел договорија патоказ за имплементација на енергетскиот договор.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ Со задоволство можам да објавам дека Белград и Приштина штотуку усвоија енергетски договор. Ова е голем чекор напред“, напиша Лајчак.
Се огласи и вицепремиерот на Косово и главен преговарач на косовската страна во дијалогот со Србија, Бесник Бисљими, кој рече дека е постигнат енергетски договор со Србија и дека oд сега на општините во северно Косово ќе им се наплаќа за струја.
Бисљими на Твитер напиша дека денеска во Брисел е одобрен Патоказот за спроведување на енергетскиот договор во согласност со регулаторниот систем на Косово.
„ Конечно, го одобривме Патоказот за спроведување на енергетските договори од 2013 и 2015 година. Ова овозможува фактурирање на електрична енергија во четири општини во северно Косово, во согласност со законите и регулаторниот систем на Косово“, рече тој.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, утрово во Брисел се сретна со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, во рамките на новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина на техничко ниво.
Претходно Лајчак во зградата на Европската служба за надворешни работи имаше билатерална средба со главниот преговарач на Приштина, Бесник Бислими.