Белорусија започна со масовно производство на вакцината „Спутник В“

пред 3 години

Белорусија објави дека започна со масовно производство на руската вакцина „Спутник В“.

Белоруската државна фармацевтска компанија „Белмедпрепарати“ ќе произведува до 500. 000 дози од таа вакцина месечно.

Генералниот директор на таа компанија, Сергеј Беjајев, изјави дека првата серија ќе биде достапна на крајот на април.

Белорусија, како втора земја по Русија, издаде одобрение за „Спутник В“.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко не воведе „заклучување“ или други ограничувања поради пандемијата на коронавирус.

Неговиот став разлути многу Белоруси и го зголеми незадоволството во јавноста од неговото авторитарно владеење. Земјата со 9,5 милиони жители забележа скоро 315. 000 потврдени случаи на зразени со коронавирус и 2.193 смртни случаи од Ковид-19 .

Share
Scroll to Top