Берлин: Албанија да не се одвојува, Македонија заслужува солидарност оти ја чекаше во 2020 година

пред 3 години

Германскиот амбасадор во Тирана, Петер Зинграф вели дека Северна Македонија заслужува солидарност од страна на Албанија кога станува збор за почетокот на преговорите во Европската Унија.

Зинграф потсети дека Северна Македонија ја почекала Албанија во 2020 година, па сега Албанија не би требала да бара одвојување.

„Проблемот што настана помеѓу Северна Македонија и Бугарија беше изненадување за нас. Во 2020 година Северна Македонија мораше да ја чека Албанија за интегративниот процес, а сега имаме иста ситуација. Сите работат со одреден притисок за да се избегнат и отстранат овие пречки што стојат на патот. Француското претседателство е подготвено да ја свика првата меѓувладина конференција во кус рок. Мислам дека Северна Македонија заслужува да се чека и да се покаже солидарност со неа, изјави Зинграф пренесе „Албаниан дејли њус“.

Албанскиот премиер, Еди Рама пред три дена во Берлин најави дека ако во јуни не се отворат преговорите за Албанија од земјите од ЕУ, тој ќе бара одвојување од Северна Македонија, поради кочницата од страна на Бугарија.

Share
Scroll to Top