Берлускони закрепна од коронавирус, ќе присуствува на свадбена вечера

пред 4 години

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (84) закрепна од вирусот ковид-19, беше објавено денес.

Берлускони, кој на почетокот на септември објави дека има коронавирус и помина 10 дена во болница во Милано поради пневмонија, е негативен на коронавирус, покажа најновото тестирање и сега ги чека резултатите од последниот тест за да го потврди тоа, изјави неименуван извор за агенцијата „Ројтерс“.

Сепак, како мерка на претпазливост, Берлускони нема да присуствува на венчавката на неговиот најмлад син, кој исто така закрепна од Ковид-19, но ќе присуствува на семејната вечера.

Се претпоставува дека Берлускони се разболел од коронавирус додека бил на одмор во Сардинија

Share
Scroll to Top