Русија го зголеми производството на нафта

пред 2 години

Руското производство на нафта и гасен кондензат се зголеми на 11,07 милиони барели дневно (bpd) од 1 до 10 февруари, од просечните 11 милиони барели дневно во јануари, пишува агенцјата „Ројтерс“, цитирајќи два извора запознаени со ситуацијата.

Русија го зголемува производството на нафта во тандем со членките на Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, односно групата позната како ОПЕК +, додека глобалната побарувачка закрепнува.

Месечната квота на Русија за зголемување на производството на нафта во февруари изнесува 100.000 барели дневно, додава британската агенција.

Share
Scroll to Top