Посиромашните земји во најдобар случај ќе доцнат од 6 до 8 месеци во набавката на вакцини против Ковид-19 во споредба со побогатите земји, процени денеска филантропот Бил Гејтс.
Во интервју за „Ројтерс“, Гејтс вели дека дистрибуцијата на вакцини е исклучително голем проблем кои прави притисок врз глобалните институции, владите и производителите на лекови.
„Секој политичар е под притисок да се избори да ја донесе својата земја на почетокот од редот“, вели Гејтс.
Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс досега вети 1,75 милијарди долари за борба против пандемијата, вклучително и во рамките на програмата „Ковакс“ за правична дистрибуција на вакцините водена од Светската здравствена организација (СЗО).
„Ковакс“ до крајот на годината планира да дистрибуира 2,3 милијарди дози вакцини, од кои 1,8 милијарди дози се бесплатни за сиромашните земји. Надежите се дека првите испораки ќе бидат реализирани во февруари.
Гејтс вели дека дистрибуцијата на вакцини преку „Ковакс“ првично ќе биде скромна.
Тој во писмо ги објавуви приоритетите на фондацијата, изразувајќи надеж дека луѓето што живеат во побогатите земји до крајот на годината ќе бидат сведоци на крај на пандемијата и враќање на нормалниот живот, под услов вакцинацијата да опфати 70 до 80 проценти од населението.
Додава и дека пандемијата резултира со нешто добро односно значително забрзување во развојот на вакцини.