Биографот на Путин: „Како Хитлер пред крајот“

пред 3 години

Од почетокот на руската воена операција во Украина, бројни аналитичари го коментираа однесувањето на Путин, пишуваат светските медиуми.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според нив, „Дејли Мејл“ објавил компаративна анализа на однесувањето на германскиот фирер Адолф Хитлер и рускиот претседател Владимир Путин.

„И двајцата лидери ги игнорираат советниците и се вклучуваат во микро-менаџментот на воените операции и покрај недостатокот на искуство и воено знаење; Путин има свој тим, телохранители и дегустатори на храна, но министрите и помошниците се „исклучени“ со месеци; бункерот на Хитлер можеби го инспирира Путин дека рускиот претседател претпочита видеоконференции“, било наведено во анализата на медиумот.

Во опсежната анализа, професор на Универзитетот во Лондон кој се занимава со Словените и Источна Европа и кој има напишано 24 книги за Русија, вклучувајќи ја и биографијата на Владимир Путин, забележал дека рускиот претседател отсекогаш посветувал големо внимание на личната безбедност но во „специјалната воена операција“ во Украина за која може да се обвини само себеси бил попараноичен од кога било, било наведено во написот.

Професорот Марк Галеоти анализирал, според медиумот, дека Путин ретко доаѓал дури и во претседателската канцеларија на Кремљ и дека претпочитал да ги извршува државните работи од неговата вила во ексклузивното предградие на Москва, која е популарна меѓу руските олигарси и поп-ѕвезди.

„Луѓето доаѓаат кај него ако и кога сака да ги види. А тој, тоа се почесто не го прави. Има свои асистенти со кои често се консултира, свои телохранители, свој тим на дегустатори на храна, но луѓето со кои често се консултира, ги држи подалеку од себе“, пишува Галеоти.

Професорот од Лондон во анализата ваквата ситуација ја споредил со последните денови на Хитлер, кога ја загубил војната што ја започнал: „Јасно е дека непријателите на Путин не се пред портите на Москва како Хитлер во Берлин, но има сличности во одбивањето на двајцата лидери да слушаат совети, како и нивното инсистирање да управуваат со секој детал од воените операции, и покрај тоа што немаат искуство за тоа“.

Авторот на текстот предупредува и на огромната разлика меѓу Путин и Хитлер, меѓу Германија во 1940-тите и модерна Русија. И покрај сета своја моќ, во Русија нема „путинизам“, ниту идеологија. Ова е значително различно од она што се случи за време на Втората светска војна. До крајот на војната во Германија имаше луѓе кои беа фанатични нацисти, кои веруваа не само во Хитлер, но и неговите идеали“, напишал Галеоти, пренесуваат регионалните медиуми.

Путин, според него е опкружен со немилосрдни прагматисти: „Она што сега е многу впечатливо е колку Путин изгледа изолирано. Нема многу луѓе околу него за кои верувам дека „би испиле куршум за Путин“. Штом Путин конечно ќе ја напушти власта, никој нема да плаче по него“, било напишано во анализата која ја пренесуваат медиумите.

Share
Scroll to Top