Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментов над 65.000 долари.
Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари во април оваа година.
За 24 часа биткоинот се зголеми за 4,2% и сега се продава за околу 65.607 долари, пренесува „Коиндеск“.
Растот на вредноста на битконот следеше откако вчера беше започнато првото тргување на берзата со фјучерси на биткоин.
Аналитичарите очекуваат да ќе продолжи растот на неговата цена.