БиХ нема авиокомпанија ниту државен авион, бара помош од ЕУ за евакуација на 1.300 граѓани од Блискиот Исток

БиХ нема авиокомпанија ниту државен авион, бара помош од ЕУ за евакуација на 1.300 граѓани од Блискиот Исток

пред 6 часа

Властите на Босна и Херцеговина денеска побараа помош од Европската Унија за евакуација на околу 1.300 нивни граѓани од Блискиот Исток.

Советот на министри, на вонредна телефонска седница, одлучи да го активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој овозможува користење на летови за репатријација организирани од земјите-членки на ЕУ и учесниците во механизмот.

Министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ, претходно изјави дека Босна и Херцеговина тешко може самостојно да го организира враќањето на своите граѓани од кризните подрачја бидејќи нема авиокомпанија ниту државен авион.

Вчера, првата поголема група пристигна во Сараево со комерцијален лет на „Флај Дубаи“.

 

фото/Depositphotos

Текстот БиХ нема авиокомпанија ниту државен авион, бара помош од ЕУ за евакуација на 1.300 граѓани од Блискиот Исток е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top