Би-Би-Си објави листа на нови хит-дестинации за летување во Европа, а меѓу препорачаните земји се најдоа Албанија и Црна Гора.
Според извештајот, патниците сè повеќе бараат поавтентични и помалку пренатрупани дестинации, наместо класичните европски туристички центри.
Како предности на Албанија и Црна Гора се наведуваат пониските цени, убавото крајбрежје, гастрономијата и културната понуда.
Би-Би-Си посочува дека Албанија е една од најповолните европски дестинации, со просечна цена за ноќевање од 89 евра, додека Црна Гора останува поевтина од многу попознати јадрански одморалишта.
Текстот „Би-Би-Си“ ги издвои новите хит дестинации за летување во Европа – меѓу нив Албанија и Црна Гора е превземен од МАКФАКС.





