Би-би-си: Кошмарните прогнози за американските избори се блиску до тоа да станат реалност

пред 4 години

Oткако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи победа и најави правна битка во Врховниот суд, а Бајден рече дека е на пат кон победа, сценариото што досега беше кошмар е сè поблизу до реалноста, оценува дописникот на Би-би-си, Ентони Зурчер.

Трамп, во обраќањето до нацијата од Белата куќа, изнесе голем број неосновани обвинувања за изборни измами, додавајќи дека ќе оди на Врховен суд.

Аналитичарот на Би-би-си вели дека овој развој на настаните се случува како по рецепт за горчина и долга правна битка, што ќе ги натера гласачите на кандидатот кој ќе ја изгуби битката да се чувствуваат измамени, гневни и лути.

Иако конечните резултати од изборите сè уште не се познати, она што е јасно по гласеањето е дека Америка останува длабоко поделена нација, посочува дописникот на Би-би-си.

Американските гласачи не јасно и децидно не ги отфрлија политикита на Трамп, но и не му дадоа силна поддршка на која се надеваше, додава Зурчер.

Наместо тоа, се копаат ровови, а политичката војна ќе продолжи без оглед кој ќе победи на изборите.

Share
Scroll to Top