Експлозија во зграда во Мадрид – најмалку 18 повредени

пред 2 години

Најмалку 18 лица, од кои едно потешко, се повредени во силна експлозија што се случи денеска во четирикатница во центарот на Мадрид, соопштија шпанските власти, пренесува Телеграф.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Се сомнева дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас.

На местото на експлозијата, која се случила во луксузен дел од градот, итно пристигнале екипи на брзата помош.

Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, изјавил дека четири лица се итно пренесени во болница, од кои едно е во критична состојба, додавајќи дека причината за експлозијата се уште не е јасна.

Според него, „извршени се некои работи во зградата“ во која се случила експлозијата.

„Пожарникарите се внатре и ја проверуваат структурата на зградата и утврдуваат дали може да има повеќе луѓе внатре“, рече Алмеида.

Во експлозијата се оштетени три ката од зградата, а локалните медиуми јавуваат дека некои луѓе може да останат заробени внатре, пишува Телеграф.

Share
Scroll to Top