Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прв ќе го гаѓаме Лондон

пред 2 години

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета светска војна.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Дизајнирана е и алатка која ги прикажува последиците од експлозија на нуклеарна бомба во одредена област, објаси Андреј Гуруљов, за руската државна телевизија.

„ Лондон ќе биде првата стратешка НАТО цел, што ќе биде погодена од руски ракети доколку избие трета светска војна“, изјави блискиот сојузник на претседателот Владимир Путин.

„ Ќе уништиме цела група непријателски вселенски сателити при првата воздушна операција. Не ни е гајле дали се американски или британски, сите би ги гледале како НАТО“, рекол Гуруљов.

Алекс Валерстајн, нуклеарен историчар од Технолошкиот институт на Универзитетот Стивенс, создаде една од алатките, симулаторот Nukmap, кој покажува што би се случило ако во некоја област експлодира нуклеарна бомба.

Симулаторот е дизајниран да ги пресметува последиците од бомбашките напади.

„ Живееме во свет во кој прашањата за нуклеарното оружје редовно се на насловните страници, но повеќето луѓе сè уште имаат многу лош впечаток за тоа што всушност може да направи експлозивното нуклеарно оружје“, рече Валерстајн.

Тој нагласи дека тоа е само проценка, а не прецизна пресметка.

Share
Scroll to Top