Блинкен му се обрати на Лавров: Ослободете ги пристаништата и извозот на жито

пред 2 години

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен директно ѝ се обрати на Русија денеска на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 на Бали и ја повика Москва да го деблокира извозот на украинското жито, изјави неименуван западен претставник.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој директно и се обрати на Русија, велејќи: „ На нашите руски колеги: Украина не е ваша земја. Нејзиното зрно не е ваше зрно. Зошто ги блокирате пристаништата? Треба да го ослободите житото“, рекол Блинкен.

На Бали, Индонезија, денеска почна состанок на министрите на 19-те најразвиени земји во светот, заедно со Европската унија, на кој меѓу другите учествуваат Блинкен и Лавров.

Share
Scroll to Top