Блинкен: Украина може да ја победи Русија

пред 2 години

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави за Би-Би-Си дека е убеден дека Украина може да победи во војната против Русија.

Тој не можеше да процени колку долго би можел да трае конфликтот, но инсистираше на тоа дека поразот на Русија е можен.

„Оваа издржливост на украинскиот народ е неверојатна. Доколку Москва се обиде да ја собори украинската влада и да воспостави марионетски режим, 45 милиони Украинци ќе одбијат на еден или друг начин. Текот на нападот досега не се одвиваше како што планираше Путин“, рече Блинкен.

Блинкен вчера изјави дека ако прекршувањето на принципите на меѓународното право остане неказнето, ќе се отвори Пандорината кутија и тоа ќе се повтори во сите делови на светот.

„Нападот на Русија врз Украина е напад врз принципите што ги воспоставивме по Втората светска војна. Ако дозволиме ова да се прекрши неказнето, тогаш ја отвораме Пандорината кутија за да продолжиме да ја повторуваме во сите делови на светот“, рече Блинкен.

Тој ја пофали Европската унија бидејќи во рекордно време воведе најстроги санкции против Русија.

„Тоа изгледаше невозможно пред само една недела“, рече Блинкен.

Share
Scroll to Top