Блумберг донираше уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

пред 3 години

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донираше дополнителни 15 милиони долари на претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо и Тексас.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, веќе инвестираше 100 милиони долари на Флорида за да му помогне на својот сопартиец Џо Бајден во една од клучните држави против републиканскиот претседател Доналд Трамп.Тој одлучи да издвои дополнителни 15 милиони откако ги виде резултатите од истражувањето спроведено од неговата политичка организација за време на викендот, пренесе АП.

До пред неколку недели се сметаше дека Трамп сигурно ќе ги освои Тексас и Охајо, државите во кои победи во 2016 година кога стана претседател. Сепак, Бајден го намали јазот во двете земји, а анкетите предвидуваат близок резултат.

Рекламите во Тексас и Охајо, за кои Блумберг издвои пари, ќе го критикуваат управувањето на Трамп со кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус.Во фокусот на кампањата во САД се мал број федерални држави кои практично одлучуваат за исходот на изборите поради спецификите на американскиот изборен систем. Победникот на изборите не се решава според вкупниот број гласови на национално ниво, туку според бројот на т.н. избирачи што кандидатите ги добиваат во секоја од 50-те сојузни држави и во областа Колумбија.Победник на изборите е кандидатот кој ќе освои најмалку 270 од 538 гласачи.

Share
Scroll to Top