Болсонаро во болница поради опструкција во цревата

пред 2 години

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој беше хоспитализиран во неделата, има интестинална опструкција – нарушување во цревата.

Ова утрово го потврдија од болницата „Вила Нова Стар“ во Сао Паоло.

Болсонаро (66) бил примен во болница поради болки во стомакот и бил прегледан за да се утврди дали е неопходна операција, изјави лекарот на Болсонаро, Антонио Луис Маседо, објави „Ројтерс“.

Бразилскиот претседател изјави дека ова е негова втора хоспитализација со исти симптоми, откако беше избоден за време на претседателската кампања во септември 2018 година.

Претседателот беше примен во болница во јули минатата година поради интестинална опструкција, а потоа не му требаше операција за да закрепне, пренесува АП.

Share
Scroll to Top