Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

пред 4 години

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема да прими вакцина против коронавирус. Тој во видео објава преку социјалните мрежи вели дека Конгресот нема да донесе декрет за воведување на задолжителна вакцинација и дека нема да се бара тоа од граѓаните.

„Ви велам, нема да се вакцинирам. Тоа е мое право”, рече Болсонаро како што пренесува Ројтерс.

Тој, исто така, уште еднаш изрази сомнеж за ефективноста на носењето маска и имплицираше дека има малку докази за ефикасноста на маската во спречување на ширењето на вирусот.

Share
Scroll to Top