Бомбашки напад во Кабул, убиен заменик гувернер

пред 3 години

Во бомбашки напад во Кабул убиен е заменик гувернер, соопштија властите, додавајаќи дека непознати напаѓачи закачиле бомба на неговиот автомобил.

Заменик гувернерот на провинцијата Кабул, Махбубулах Мохеби, патувал со своето обезбедување кога експлодирала бомбата. Во експлозијата повредени се и двајца припадници на обезбедувањето, пренесе Ројтерс.

Ниту една милитантна група се уште не презела одговорност за нападот.

Минатата недела државниот обвинител беше застрелан во Кабул додека одел на работа.

Share
Scroll to Top