Бомба во француското Министерство за финансии? Евакуирани се 20 лица

пред 4 години

Француското Министерство за финансии и економија во Париз денеска е делумно евакуирано поради закана од тероризам, јавуваат француските медиуми.

Според нив, за бомбата била издадена тревога, а од зградата на министерството биле евакуирани 20 лица.

На местото на настанот како што е наведено во новинарските написи биле испратени специјални екипи со кучиња трагачи.

Share
Scroll to Top