Босна и Херцеговина го забрани увозот на два тона мандарини од Хрватска

Босна и Херцеговина го забрани увозот на два тона мандарини од Хрватска

пред 6 месеци

Властите на Босна и Херцеговина го забранија увозот на два тона мандарини од Република Хрватска бидејќи проверките на овошните примероци на границата покажаа присуство на пестициди, чија употреба е забранета во ЕУ од 2020 година.

Санитарната инспекција на Федерацијата Босна и Херцеговина зела мостри од пратка мандарини на граничниот премин Бијача, чија лабораториска анализа открила нелегална количина на пестицидот хлорпирифос, соопшти инспекциската служба.

Присуството на тој пестицид е спротивно на локалната регулатива за максималните нивоа на остатоци од пестициди во и на храната и добиточната храна од растително и животинско потекло.

Поради ова, инспекторите на Сојузната управа за инспекциски работи забраниле увоз на пратката со вкупна тежина од два тона, при што било наредено да се уништи. На почетокот на ноември надлежните од оваа институција добија наредба за зголемен надзор на увезените агруми по препорака на Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина.

Претходно овој месец, употребата на овој пестицид беше откриена во друга пратка со овошје од Хрватска. Употребата на пестицидите хлорпирифос и хлорпирифос-метил во земјите членки на ЕУ, како и во Босна и Херцеговина, е забранета од пролетта 2020 година.

Текстот Босна и Херцеговина го забрани увозот на два тона мандарини од Хрватска е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top