Бретон: Во ред е членките на ЕУ да набавуваат кинески и руски вакцини

пред 3 години

Комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон изјави дека е во ред доколку членките на Унијата сакаат да набават вакцини против коронавирусот од руско и кинеско производство.

Бретон го поздрави потегот на Австрија и Данска да соработуваат со Израел во врска со вакцините, пишува „Политико“.

„Немам страв дека тоа е насочено против кого било. Тоа е само подобрување на глобалната соработка”, рече Бретон.

Бретон е одговорен за разговори со претставници на компаниите „Астра зенека“, „Фајзер“ и „Модерна“, кои произведуваат вакцини против коронавирус.

Запрашан да даде коментар за интересот на Унгарија, Словачка, Полска и Чешка за руската вакцина „спутник В“, тој рече дека сите дози што ги добиваат тие земји се само капка во морето.

„Она што сега ни треба се дози, а не нови вакцини“, рече Бретон, додавајќи дека Унгарија примила 40.000 дози од руската вакцина и дека се потребни милиони, а земјите членки ќе добијат милиони дози вакцини со помош на ЕУ.

Share
Scroll to Top