Брисел му одговори на Лавров: Нема да разменуваме ставови преку медиумите

пред 4 години

По зборовите на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во врска со односите на Русија со ЕУ, се огласи Брисел.

„Нема да разменуваме ставови низ медиумите“, рече портпаролот на ЕУ, Пeтер Стано.
Запрашан за последните пораки на Лавров за идните односи на Русија со ЕУ, Стано оцени дека ЕУ веќе „добила одговор“ за време на посетата на шефот на европsката дипломатија Жосеп Борел на Москва.

„Нема потреба да се коментира секоја изјава на Лавров. Важно е како се однесува Русија и што прави“, рече Стано.

Од Брисел се најавува, дека на 22 февруари министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за понатамошните односи меѓу ЕУ и Русија во светло на „однесувањето на Русија“.

Share
Scroll to Top