Тужба на првата дама на Франција за клевета на Интернет

пред 2 години

Сопругата на претседателот на Франција, Брижит Макрон, одлучи да поднесе тужба против теоријата на заговор на Интернет, во која беше објавено дека е родена како маж.

Брижит Макрон стана мета на лажни тврдења на социјалните мрежи, откако на веб-страницата на ултрадесничарските теоретичари на заговор во септември беа објавени лажни информации дека е родена како маж по име Жан-Мишел Троње, јавува Би-Би-Си.

Адвокатот на Макрон, која е мајка на три возрасни деца од првиот брак, потврди дека презема законски мерки. „Брижит Макрон одлучи да покрене постапка и таа е во тек“, ја пренесоа изјавата на адвокатот Жан Еноки француските медиуми.

Share
Scroll to Top