Експлозија во Кабул, најмалку 15 повредени

пред 2 години

Најмалку 15 лица се повредени денеска во експлозија во центарот на авганистанската престолнина Кабул, според изјави на сведоци.

Како што се наведува, се уште не е познато што ја предизвикало оваа експлозија, а одговорност засега никој не ја презел, а талибанските власти не се огласија за инцидентот.

Асошиетед прес прикажа снимка на која се гледа како повредените ги отстрануваат од местото на настанот од случајни минувачи.

Share
Scroll to Top