Британија воведува дополнителна вакцина за луѓето постари од 50 години

пред 3 години

Дополнителни вакцини против коронавирус ќе им бидат понудени на луѓето над 50 години, корисници на старечки домови и здравствени и социјални работници, објави британската владата.

Експертите веруваат дека вакцината на „Фајзер“ / „Бионтек“ треба да се користи како „бустер доза“ за повеќе од 30 милиони луѓе и дека сигурно може да се даде како додаток на вообичаената вакцина против сезонски грип.

Сите лица со послаб имунитет и сите на возраст од 16 до 65 години кои се изложени на ризик, исто така, имаат право на дополнителна вакцина.

Третата доза проив коронавирус е одобрена како безбедна и ефикасна кај вакцините на „Астразенека“, „Фајзер“ и „Модерна“.
Сепак, експертите го избраа „Фајзер“, бидејќи истражувањата покажуваат дека добро се поднесува и делува како засилувач.

Вакцината на „Фајзер“ може да биде трета доза за оние кои претходно примиле две дози од „Астразенека“. Доколку е потребно, вакцината на „Модерна“ може да се користи како алтернатива, но со половина доза како засилувач, откако испитувањата покажаа дека е ефикасна и со малку несакани ефекти.

Луѓето треба да ја примаат третата доза најмалку шест месеци по втората доза од вакцината. По собирањето повеќе податоци, експертите планираат да размислат дали да понудат трета доза и за здрави луѓе под 50 години.

Share
Scroll to Top