Британија прави планови за трета доза на вакцина за граѓаните

пред 3 години

Плановите за трета, есенска доза на вакцина против Ковид-19 ќе бидат познати во следните неколку недели, изјави денеска министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок.

Министерот за здравство изјави дека владата ги чека резултатите од комбинирањето на вакцини, објави Би-би-си.

Експертите од Службата за јавно здравје (НХС) и познати британски лекари изјавија дека планирањето за вакцинација со трета, засилна доза, мора да започне веднаш, бидејќи ќе се појават поголеми предизвици.

Експертите велат дека треба да се одговори на голем број прашања, вклучително и колку трае имунитетот од вакцините за коронавирус.

Останува и прашањето дали децата треба да се вакцинираат.

„Во моментов се обидуваме да утврдиме која комбинација на вакцини е најефективна“, рече Ханкок.

Во тестовите за засилување на дозата, низ Англија се комбинираат различни вакцини.

Висок владин функционер изјави дека Велика Британија ќе има корист од новите вакцини на компаниите „Новавакс“ и „Валнева“, кои чекаат одобрување од британското регулаторно тело за медицина.

Досега, близу 60 проценти од возрасните Британци примиле две дози на вакцина, што значи дека се целосно вакцинирани, а повеќе од 80 проценти примиле барем една доза.

Share
Scroll to Top