Британската полиција затвори неколку мостови откако беше пронајден сомнителен предмет во Лондон

пред 2 години

Британската полиција затвори неколку мостови откако беше пронајден сомнителен предмет во центарот на Лондон. Полицијата соопшти дека мостовите биле затворени како мерка на претпазливост.

Тоа се мостовите Вестминстер и Ватерло и пешачките мостови Хангерфорд и Златен јубилеј.

„Неколку мостови во центарот на Лондон се затворени како мерка на претпазливост бидејќи полицијата проценува напуштен објект во близина на јужниот брег“, се вели во соопштението на полицијата на Твитер.

Ројтерс контактирал со полицијата, но официјалните лица не дале повеќе информации за инцидентот. Обединетото Кралство минатата недела го намали нивото на закана од тероризам од сериозна на значајна, што значи дека нападот сега се смета за „веројатен“ наместо „многу веројатен“.

Share
Scroll to Top