Британскиот премиер порача: Трамп погреши

пред 3 години

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денес дека американскиот претседател Доналд Трамп целосно погрешил во охрабрувањето на неговите приврзаници да упаднат во американскиот Капитол.

„И како што велите, како што сугерирате, фактот дека тој ги охрабруваше луѓето да упаднат во Капитол и како претседател постојано се сомневаше во исходот на слободните и фер избори, верувам дека тоа беше сосема погрешно“, рече Џонсон на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

„Безрезервно го осудувам охрабрувањето на луѓето да се однесуваат на срамен начин како што се однесуваа во Капитол“, истакна британскиот премиер.

Share
Scroll to Top