Позаразниот вид на ковид, кој се појави во Велика Британија во септември, беше откриен во уште осум земји минатата недела. Тоа значи дека вкупниот број на земји кои пријавиле британски сој скокна на 94, објави Светската здравствена организација (СЗО)
Кога станува збор за јужноафриканскиот сој, тој е регистриран во уште две земји, така што бројот на земји кои го откриле сојот 501Y.V2 на нивна територија сега е 46, пренесе агенцијата ТАСС.
Бразилскиот сој П.1 беше пронајден во уште шест земји минатата недела и сега се наоѓа во 21 земја низ светот.