Брод натоварен со ѓубриво удри во мост и потона во Дунав, кај Бачка Паланка

Брод натоварен со ѓубриво удри во мост и потона во Дунав, кај Бачка Паланка

пред 3 години

Брод што пловел под романско знаме синоќа удрил во потпорен столб на мостот на граничниот премин Бачка Паланка и  потонал, дознава порталот „Нова.рс“.

На него имало вештачко ѓубриво кога удрил во мостот, потврдија од Полициската управа во Нови Сад.

Почнал да испушта вода и набргу потонал во водниот пат, а на местото, покрај полицијата, пристигнала и противпожарната единица.

Засега не е познато како дошло до несреќата, а истрагата ќе ги утврди деталите.

Бродот отпловил од Австрија до Смедерево. Бродот со 6 члена на екипажот е закотвен и има инспекции. Информирана е и хрватската страна бидејќи сообраќајот во тој дел бил запрен.

Товарниот брод удрил во столбот на мостот „25 Мај“ на Дунав. Сообраќајот и граничниот премин Бачка Паланка – Илок се затворени додека не се изврши увид и процена на штетите.

Текстот Брод натоварен со ѓубриво удри во мост и потона во Дунав, кај Бачка Паланка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top