Бројот на заразени со коронавирус во Чешка надмина еден милион

пред 3 години

Чешка потврди 9.057 нови инфекции на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени во таа земја од март лани надмина еден милион.

Чешка има 10,7 милиони жители, а од почетокот на епидемијата починаа 16. 683 лица, што е меѓу највисоките стапки на смртност од Ковид-19 во Европа.

Податоците објавени денес покажуваат дека сега скоро секоја десетта личност во Чешка е заразена.

Во Европа, само Португалија и Шпанија имале повисоки стапки на инфекција по глава на жител во последните две недели, според Европскиот центар за контрола и превенција на болести.

Владата на Чешка сака да го намали бројот на хоспитализирани пациенти на 3.000 пред да ги олесни ограничувачките мерки.

Share
Scroll to Top