Бугарија протера руски дипломат

пред 3 години

Бугарија денес објави дека ќе протера руски дипломат откако обвинители изјавија дека се сомневаат на вмешаност на Русија во четири експлозии на складишта за оружје во Бугарија.

На средбата со рускиот амбасадор, министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, повика на целосна руска соработка во истрагата за експлозиите и обидот за труење на бугарскиот дилер на оружје, Емилијан Гекрет.

„Русија ќе одговори на протерувањето на еден нејзин дипломат од Бугарија“, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија, објави „Ројтерс“.

Бугарските обвинители велат дека собираат докази за можна вмешаност на шест Руси во четири експлозии во периодот од 2011 до 2020 година во бугарските складишта за оружје, кои чувале муниција за извоз во Украина и Грузија.

Share
Scroll to Top