Бугарија ќе добие над милион дози од т.н солидарни вакцини

пред 3 години

Бугарија во второто тромесечие ќе добие повеќе од 1,2 милиони дополнителни дози на вакцини против Ковид-19 од „Бионтек“ и „Фајзер“ изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Повеќето земји-членки на ЕУ се согласија во четвртокот заеднички да споделат дел од дополнителните 10 милиони дози вакцини на „Бионтек-Фајзер“ со Бугарија, Хрватска, Естонија, Латвија и Словачка, земјите што одлучија дека им се потребни најмногу вакцини.

Но, чешкиот премиер Андреј Бабиш во петокот го критикуваше договорот, велејќи дека планот е неизбалансиран затоа што не разбира како Европската Унија може да се согласи за тоа, кога Чешка, Австрија и Словенија се противат на тоа, пренесуваат регионалните медиуми.

Бугарија, која има најмало покритие за вакцинација во ЕУ, ќе добие 1,26 милиони дози од 2,85 милиони таканаречени „солидарни вакцини“ за петте членки на Унијата. Хрватска ќе добие дополнителни 747.000 дози вакцини.

„Ова е добра вест за нас и за цела Европа бидејќи покажува дека земјите-членки можат да се солидаризираат “, напиша Борисов во објавата на својата страница на Фејсбук.

Балканската земја првично нарача повеќе вакцини од „Астра зенека“ отколку од „Фајзер“.

Бугарија има регистрирано 346.327 случаи на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, од кои 13.313 биле фатални.

Share
Scroll to Top