Вакцината во Србија ќе пристигне на крајот на годината, вели српски епидемиолог

пред 3 години

Српскиот епидемиолог, Предраг Кон објасни кога и кој ќе биде првиот што ќе ја прими вакцината против коронавирусот во Србија.

„Националниот институт за имунизација е ново тело кое ќе биде задолжено и кое ќе распише итна вакцинација. И тоа ќе се случи многу брзо“, рече Кон.

Тој додаде дека не ги знае деталите околу вакцината, но дека во земјата ќе пристигне кон крајот на годината, што е многу охрабрувачки податок, а потоа доставата ќе се одвива етапно.

„Ние имаме најголем степен на безбедност кога станува збор за новиот лек или вакцина и тоа мора да се испочитува. Најпрво ќе се почне со имунизација на докторите, што е и најлогично. По здравството следува војската и полицијата и тоа е единствено што знам, што е логично и приоритет. Но тоа е само план, а Министерството за здравство треба да распише имунизација“, објасни српскиот епидемиолог.

Кон вели дека знае што кажал претходно претседателот Вучиќ, а тоа е дека Србија има можност да ја добие вакцината во првите распределби.

„И ова ни покажува дека сме многу блиску до разрешница, затоа што добиваме уште едно оружје, покрај маската и миењето раце, кое ќе треба да почнеме да го користиме“, заклучи тој.

Share
Scroll to Top