Велика Британија: Не патувајте во Кипар поради ризик од тероризам

Велика Британија: Не патувајте во Кипар поради ризик од тероризам

пред 9 часа

Велика Британија денес ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Кипар бидејќи ризикот од терористички напад во таа област не може да се исклучи, објави Би-Би-Си.

Службата за надворешни работи и развој изјави дека постои високо ниво на закана од вакви напади на глобално ниво.

Како што се додава во соопштението, оваа закана ги загрозува британските интереси и граѓани, а доаѓа од групи и поединци кои ја гледаат Велика Британија и нејзините граѓани како цели.

„Бидете будни цело време кога станува збор за вашата околина“, се истакнува во соопштението на британските власти, пренесува Танјуг.

Текстот Велика Британија: Не патувајте во Кипар поради ризик од тероризам е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top