Велика Британија нуди 450 милиони фунти за поевтини студии на Европејците во замена за пристап до програмата „Произведено во Европа““

Велика Британија нуди 450 милиони фунти за поевтини студии на Европејците во замена за пристап до програмата „Произведено во Европа““

пред 3 часа

Велика Британија е подготвена да издвои до 450 милиони фунти годишно за да им обезбеди на студентите од Европската Унија (ЕУ) субвенционирани школарини на универзитетите, но под услов Брисел да им дозволи на Британците пристап до индустриската програма „Made in Europe“, пишува денес „Гардијан“, повикувајќи се на извори.

Владата на Велика Британија изготви планови што ќе им овозможат на европските студенти да плаќаат исти школарини како и британските студенти, но мерката нема да биде усвоена ако ЕУ не дозволи влез во предложената програма што ќе наметне трговски ограничувања за земјите надвор од блокот, тврди изворот.

Тој додава дека министрите се надеваат дека, доколку се постигне таков договор на самитот во Брисел подоцна овој месец, тоа ќе донесе милиони придобивки за британските компании што сакаат да работат во ЕУ.

Од друга страна, давањето поевтин пристап до британските универзитети за студентите од ЕУ би можело да предизвика критики во време кога многу британски дипломци бараат промени во нивните планови за отплата на студентските кредити.

Програмата „Произведено во Европа“ е дизајнирана со идеја за зајакнување и заштита на производствената база во рамките на ЕУ, намалување на нејзината стратешка зависност од надворешни економски сили и одговор на бројни глобални предизвици.

Текстот Велика Британија нуди 450 милиони фунти за поевтини студии на Европејците во замена за пристап до програмата „Произведено во Европа““ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top