Велика Британија: Русија може да ја нападне Украина оваа недела

пред 2 години

Обединетото Кралство досега не виде знаци дека Русија ќе ја деескалира кризата во Украина, а единственото нешто што гледа е „сериозна можност“ Москва да ја нападне Украина оваа недела, изјави денеска портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

„Досега не видовме знаци дека Русија ќе ја повлече својата војска од украинската граница. На границата има повеќе од 130.000 руски војници и ние сме сериозно загрижени“, рече портпаролот, додавајќи дека постои голема можност да Русија ќе ја нападне Украина оваа недела.

Џонсон рече дека не може да се откаже од сувереното право на украинскиот народ да влезе во НАТО.

Share
Scroll to Top