„Велт“: Меркел утре ќе прими вакцина против коронавирус на „Астра зенека“

пред 3 години

Според информациите на германскиот дневен весник „Велт“, политичарката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ќе биде вакцинирана со вакцината на „Астра зенека“, со цел да се зголеми довербата во оксфордската вакцина низ целата Европска Унија.

Канцеларката Меркел има повеќе од 60 години и со тоа спаѓа во групата на оние кои ги исполнуваат условите за вакцинација со вакцината на „Астра зенека“ во Германија.

Претходно, Ангела Меркел, која има 66 години, изјави дека нема да се вакцинира со вакцината на „Астразенека“ и „Оксфорд“, бидејќи таа не влегува во групата на луѓе за кои се препорачува таа вакцина.

Share
Scroll to Top