Венс за војната со Иран: Постојано се прашувам дали е морална и правилна

Венс за војната со Иран: Постојано се прашувам дали е морална и правилна

пред 2 часа

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека, во контекст на американските напади врз Иран, тој постојано ја преиспитува нивната оправданост и морална основа, нагласувајќи дека е обврзан да го стори тоа според христијанското разбирање на праведна војна.

„Се прашувам: Дали е ова оправдано, дали е ова морално, дали е ова правилно нешто што треба да се направи“, рече Венс во интервју за „NBC“, од кое делови беа објавени од „ABC“. Тој изјави дека теоријата за праведна војна ги принудува политичките лидери да поставуваат тешки прашања за тоа дали воената акција е оправдана.

Венс оцени дека ваквите прашања не претставуваат слабост, туку неопходно ограничување во постапките на носителите на власт, нагласувајќи дека политичките лидери мора да имаат внатрешни ограничувања кога одлучуваат за употреба на сила.

Зборувајќи за преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, потпретседателот на САД изрази надеж дека Иран ќе прифати договор што ќе вклучува обврска да не развива нуклеарно оружје. Според него, најтешкиот дел од разговорот се однесува на механизмите за верификација и следење што ќе им дадат доверба на САД дека Иран нема да го прекрши евентуалниот договор.

Венс претходно објави дека е постигнат значителен напредок во разговорите со Иран, но во исто време рече дека Вашингтон ја задржува можноста за продолжување на воената кампања доколку не се постигне договор.

Текстот Венс за војната со Иран: Постојано се прашувам дали е морална и правилна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top