Венс: Украина треба да престане да ја таргетира руската енергетска инфраструктура

Венс: Украина треба да престане да ја таргетира руската енергетска инфраструктура

пред 3 часа

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека Украина треба да престане да ја таргетира руската енергетска инфраструктура и додаде дека Украина е партнер на САД, но само на одреден начин.

„Сепак, мислам дека понекогаш имаме различни интереси. На пример, дали мислам дека треба да вршат напади врз руската нафтена инфраструктура што ја зголемува цената на енергијата за Американците? Не. Но, ние соработуваме со нив по одредени прашања и ќе продолжиме да го правиме тоа, но мислам дека треба да престанат да ја бомбардираат руската енергетска инфраструктура“, изјави Венс за каналот „2Way“.

Венс нагласи дека нема формален сојуз со Украина, дека Украина не е членка на НАТО и дека не треба да се приклучи на Алијансата.

„Ќе продолжиме да работиме заедно по некои прашања, но по други нема да се согласуваме“, додаде потпретседателот на САД.

Текстот Венс: Украина треба да престане да ја таргетира руската енергетска инфраструктура е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top