Индија втора земја во светот по бројот на заболени oд коронавирус: над 9 милиони заразени

пред 3 години

Индија ја премина границата од девет милиони заразени со коронавирус со 45.882 нови инфекции во текот на претходните 24 часа, објави Министерството за здравство.

Индија е втора земја во светот која има повеќе од девет милиони заразени, заедно со САД. Ширењето на епидемијата забави откако го достигна својот врв во септември.

Од вчера во Индија починале 584 лица од коронавирус, така што вкупниот број достигна 132.162, соопшти Министерството за здравство.

Владини претставници и експерти предупредија дека епидемијата може да се разгори повторно по прославата на фестивалот Дивали овој месец.

Share
Scroll to Top