(Видео)Спречен терористички напад во близина на Москва, 21-годишник се подготвувал да постави експлозив

пред 4 години

Член на терористичката организација „Даеш“ е приведен во предградието на Москва под сомнение дека се подготвувал да постави експлозивна направа во еден од објектите во таа област, пренесуваат регионалните агенции.

Според нивните написи, станува збор за 21-годишен државјанин на една од соседните земји, рече и помошникот шеф на Истражниот комитет за таа област, Олга Врадиј.

Врадиј истакна дека е поведена кривична постапка.

„Притвореното лице е осомничено дека учествувало во активности на терористичка организација. Терористичкиот напад беше спречен “, додаде таа.

Како што се наведува, младиот човек самоиницијативно се приклучил на терористички организации, а во јуни смислил план за напад на некои од објектите во московскиот регион, за што набавил се што е потребно за да направи експлозивна направа.