(Видео) „Азов“ објави снимка: Русите цела ноќ фрлаа тешки бомби врз импровизирана болница во „Азовстал“

пред 2 години

Видео објавено од полкот „Азов“ наводно ги прикажува последиците од руски напад врз импровизирана болница во фабриката „Азовстал“ во Мариупол.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во твитот се вели: „Внимание. Цела ноќ во воено-полската болница, која се наоѓа во кругот на фабриката ‘Азовстал’ во Мариупол и каде се наоѓаат ранетите бранители, Русите масовно фрлаа тешки бомби способни да пробијат каква било бетонска одбранбена структура“.

$bp(“Brid_51210757”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”1002583″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Каналот „Скај њуз“, кој го пренесе видеото, не бил во можност независно да ги потврди овие тврдења.

Видеото кое го објави „Азов“ прикажува драматични сцени. Според она што „Азов“ го објави, на снимката се гледаат ранетите внатре во „Азовстал“.

Денеска, агенцијата „Ројтерс“ пренесе соопштение од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, според кое за денеска е планирана операција за евакуација на цивили од фабриката за челик во Мариупол.

Share
Scroll to Top